УЈП ја објави петтата листа на должници

13

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави петтата листа на должници за долгови доспеани до 31.01.2017 и неплатено до 30.04.2017 година.

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Физичките лица и самостојните вршители на дејност, кои се најдоа на оваа листа, имаат долгови повисоки од 120.000 денари. Кај правните лица, висината на долгот надминува 300.000 денари.