УЈП ја објави седмата листа на должници

 

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави седмата листа на должници за долгови доспеани до 31.03.2016 и неплатени до 30.06.2016 година.

На листата се имињата на физичките и правните лица кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица, кои се најдоа на оваа листа на Управата, имаат долг повисок од 120.000 денари, додека кај правните лица тој износ е над 300.000 денари.