УЈП ја објави седмата листа на должници

21

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави седмата листа на должници за оваа година. На оваа листа се најдоа физички и правни лица коишто имаат долгови доспеани до 30-ти март и неплатени до 30-ти јуни оваа година.

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Физичките лица и самостојни вршители на дејност, кои се најдоа на листата, имаат долг повисок од 120.000 денари, додека кај правните лица тој износ надминува 300.000 денари.