УЈП ја објави седмата листа на должници

24

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави седмата листа на должници за долгови доспеани до 31.03.2015 и неплатени со 30.06.2015 година.

На листата се најдоа имиња на физички и правни лица, кои имаат неплатени долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Кај физичките лица и самостојните вршители на дејност, кои се најдоа на листата, имаат долг повисок од 120.000 денари, додека кај правните лица долгот е над 300.000 денари.