УЈП ја објави шестата листа на должници

16

ujp

Управата за јавни приходи ја објави шестата листа на должници за долгови доспеани до 29.02.2016 година и неплатени до 31.05.2016 година.

На листата се најдоа имиња на физички и правни лица кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојните вршители на дејност, кои се најдоа на оваа листа, имаат долгови повисоки од 120.000 денари. Кај правните лица, долгот е над 300.000 денари.