УЈП ја објави шестата листа на должници

17

ujp logo

Управата за јавни приходи ја објави шестата листа на должници за долгови доспеани до 28-ми февруари оваа година и неплатени до 31-ви мај.

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. За нив, вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.