УЈП ја објави втората листа на должници

14

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави втората листа на должници за оваа година, којашто се однесува за долгови доспеани до 31.10.2016 и неплатени до 31.01.2017 година.

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Физичките лица и самостојните вршители на дејност кои се најдоа на оваа листа имаат долг повисок од 120.000 денари, додека кај правните лица тој износ надминува 300.000 денари.