УЈП ја објави втората листа на должници за оваа година

33

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави втората листа на должници за оваа година за долгови доспеани до 31.10.2018 и неплатени до 31.01.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојните вршители на дејност, што се најдоа на оваа листа, имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица тој износ надминува 300.000 денари.

На Листата на должници бр.2/2019 објавени се 2.196 должници – правни лица (повеќе за 62 од претходната листа) и 2.427 физички лица (повеќе за 31 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.2/2019 изнесува 9.958.252.401 денари, помалку за 163.761.186 денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.929.026.709 денари (помалку за 43.237.747 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 29.225.692 денари (пoмалку за 120.523.439 денари од претходната листа).