УЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса

23

ujp-4-580x335

Граѓаните и фирмите кои имаат неплатена Радиодифузна такса до 30.06.2017 година, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи (УЈП) ќе отпочне со постапки за присилна наплата.

Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, од УЈП препорачуваат навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат.

До донесување на најавената измена на законот за укинување на РДТ, обврзниците имаат законска обврска да ја плаќаат оваа јавна давачка, а за неплатените обврски УЈП има законска обврска да ги преземе сите мерки за наплата.