УЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса

53

ujp

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи Управата ќе почне со активности и постапки за присилна наплата, стои во соопштението.

Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, од УЈП препорачуваат навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат.

Од УЈП препорачуваат граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека плаќањето на РДТ е евидентирано во УЈП, да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.

Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга е-Радиодифузна такса https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp.

Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта.