УЈП ќе започне со присилна наплата на радиодифузна такса

20

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ги повикува граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса истите да ги платат во најкраток можен рок.

“Се повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса истите да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци на присилна наплата и блокирање на нивните сметки, активност која УЈП ќе ја почне од 15-ти ноември кон должниците на оваа јавна давачка“, стои на страницата на УЈП.

Граѓаните може да ја платат радиодифузната такса со Visa, Maestro и Mastercard бегзотовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга е-Радиодифузна такса.