УЈП: Користење фискални апарати во угостителските објекти до 18 часот

159

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека користењето на фискалните апарати се ограничува до 18 часот, поради ограничување на работното време заради коронавирусот.

Согласно препораките на Владата за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), со коешто се ограничува работното време од 07:00 до 18:00 часот на угостителските објекти, кафетерии, барови, ресторани, клубови, казина и спортски обложувалници, Управата за јавни приходи (УЈП) ги известува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги и користат одобрен фискален систем на опрема (фискални апарати) дека користењето на истите се врши вообичаено како и досега, со изготвување на дневен финансиски извештај на крајот на работно време (во овој случај 18:00 часот) или пред почетокот на работно време следниот ден (во овој случај 07:00 часот).

Фото: Pixabay