УЈП: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

48

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од јануари до декември оваа година, соопштуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во јануари 2020 година изнесува 38.319 денари.

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2020 година изнесува 19.160 денари (50% од 38.319). Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на Управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 613.104 денари (16 x 38.319).

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за самовработено лице изнесува 459.828 денари (12 x 38.319).

Фото: Pexels