УЈП: Нов образец ДДВ – 01 од први јануари

17

ujp

Сите даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација на данокот на додадена вредност, од први јануари, треба да го направат тоа со поднесување на новиот образец ДДВ – 01, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Овој образец е објавен во Службен весник на РМ. Бр.216/16 од 15.12.2016 година и е достапен на интернет страницата на УЈП.

Пријавата за регистрација може да се достави по пошта, лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето или живеалиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат.