УЈП: Нова шифра за вид на стаж при МПИН пресметка за лица на практикантска работа со неполно работно време

221

Управата за јавни приходи (УЈП) информира за нова шифра за вид на стаж при подготовка на МПИН пресметка од работодавач за лица на практикатска работа со неполно работно време.

Согласно одредбите на Законот за практикантство, работодавачот може да склучи договор за практикантска работа на полно или неполно работно време во зависност од потребата и волјата на договорените страни.

За пополнувањето на МПИН пресметката од страна на работодавачот за лице на практикантска работа со неполно работно време, во поле 3.17 потребно е да се внесе шифрата за вид на стаж 6666 – лице практикант со неполно работно време.

Фото: Pexels