УЈП објави вонреден возен ред на мобилните даночни шалтери

22

Управата за јавни приходи (УЈП) објавува вонреден возен ред на мобилните даночни шалтери за овој месец.

Со четири специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и сл., како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи.