Даночната академија на Управата за јавни приходи, во период од втори до 24 декември, организира обука за регистрација и паушално оданочување на земјоделците.
Целна група на обуката се земјоделците, кои е потребно најдоцна два дена пред почетокот на обуката да го пријават своето учество.
Во период од втори до 24-ти декември, овие обуки ќе се вршат во повеќе општини во земјата.