УЈП: Одложено воведувањето на GPRS фискални апарати за таксистите

29

ujp

Вршителите на авто – такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до први јули следната година, соопштуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Ова, како што се наведува, значи дека за сите авто – такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден GPRS уред до први јули следната година.