УЈП организира обуки за пријавување и оданочување на приходи од имот и имотни права

23

ujp

Даночната академија на Управата за јавни приходи (УЈП) организира еднодневна обука за пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот и даночните поволности.

Обуките ќе се одвиваат во период од деветти до 31-ви јануари оваа година во повеќе градови во земјава. На нив може учествуваат физички лица, кои ќе се регистрираат, односно најават на наведеното контакт лице, најдоцна два дена пред почетокот на обуките.

Овие обуки, како што се наведува во соопштението на УЈП, се без финансиски надоместок.