УЈП отвори дополнителни шалтери во Скопје за поднесување годишна даночна пријава

52

ujp

Управата за јавни приходи од денеска отвора дополнителни шалтери за поднесување Годишна даночна пријава, со цел да се избегнат метежите во последните денови пред крајниот рок, 15-ти март.

Шалтерите се лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници во зградата на ССМ. Граѓаните од Скопје, но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат даночната пријава да ја поднесат на три локации, вклучувајќи ја Регионалната дирекција Скопје и Даночниот шалтер Чаир. Исто така, пријавите може да се поднесуваат и преку Мобилните даночни шалтери на УЈП.

Заклучно со 27.02.2017 година до УЈП се пристигнати вкупно 140.052 даночни пријави, од кои 601 по електронски пат.