УЈП: Поднесување годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2015

23

ujp logo

Управата за јавни приходи (УЈП) истакна јавна покана за поднесување на годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход за 2015 година.

Годишната даночна пријава ја поднесува граѓанин кој остварил приход по основ на: лични примања, приходи од земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други приходи.

Граѓаните, како што истакнуваат од УЈП, кои во текот на годината остваруваат само приходи од плата и пензија, приходи од земјоделска дејност и приходи од самостојна дејност не се должни да поднесуваат годишна даночна пријава.

Оваа пријава се поднесува до даночната канцеларија на УЈП според местото на живеење, во Контакт центарот Скопје без разлика на местото на живеење или по електронски пат.

Рокот за поднесување е од први јануари до 15- ти март следната година.

На даночните обврзници кои нема да ја поднесат даночната пријава во определениот рок ќе им биде изречена глоба во износ од 100 до 200 евра.