УЈП: Поднесување годишни извештаи за персонален данок на доход

21

ujp logo

Управата за јавни приходи (УЈП) ги повикува исплатувачите на персонален данок на доход да поднесат годишен извештај за 2015 година.

Годишните извештаи, како што се наведува, ги поднесуваат исплатувачите кои во 2015 година извршиле исплата на приходи на физички лица по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права, добивки од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка.

Исто така, ги поднесуваат и оние исплатувачи кои извршиле исплата на граѓани по основ на откуп на земјоделски производи или корисен цврт отпад од физички лица кои не се трговци поединци.

Организаторите на зелен пазар, на којшто се врши трговија на големо и мало, имаат обврска да достават годишен извештај во којшто треба да пријават кој ги користел продажнит места на зелениот пазар во изминатата 2015 година.

Годишните извештаи се поднесуваат најдоцна до 31-ви јануари, задолжително по електронски пат.

Исплатувачите кои вршеле исплати на приходи на ки аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, на граѓанинот задолжително треба да му издадат збирна сметка за исплатени приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2015 година најдоцна до 25-ти јануари.

Издавањето на збирна пресметка е законска обврска на исплатувачот на приходот, врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персонален данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во годишната даночна пријава.