УЈП: Поднесување на даночни биланси за оданочување на добивка и на вкупен приход за 2015 година

30

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува на законската обврска за поднесување на даночен биланс за оданочување на добивка и даночен биланс на вкупен приход.

“Доколку сте правно лице резидент на Македонија, којшто остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или сте постојана деловна единица на странско правно лице којашто остварува добивка од вршење на дејност на територијата на Македонија, имате обврска за поднесување Даночен биланс за оданочување на добивка“, се вели во соопштението на УЈП.

Доколку сте мал или микро трговец, којшто извршува стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри), водите сметководство и изготвувате годишни сметки и доколку во 2015 година од било кој извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, или пак сте оствариле вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари и сте се определиле или сакате да се определите за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход, имате обврска да поднесе Даночен биланс на вкупен приход.

Овие два даночни биланса се поднесуваат најдоцна до 29-ти февруари, односно рокот за поднесување е најдоцна до 15-ти март за даночните обврзници кои годишната сметка до Централниот регистар ќе ја поднесат во електронска форма.

Месечните и тримесечните ДДВ обврзници, даночните биланси имаат обврска да ги достават по електронски пат преки е – Даноци.