УЈП: Поднесување на годишни извештаи за персонален данок на доход

23

Од Управата за јавни приходи информираат дека годишните извештаи за персонален данок на доход се поднесуваат до 31 јануари оваа година.

Овие извештаи ги поднесуваат исплатувачите кои во изминатата 2014 година: извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка – Годишен извештај.
“Годишен извештај поднесуваат и лицата кои извршиле исплати на граѓани во 2014 година по основ на откуп на земјоделски производи – Годишен извештај. Во “ПДД-ГИ/ОЗП” се пријавуваат податоци за физичките лица од кои вршеле откуп на земјоделски производи, шифра на дејност од НКД според дејноста која ја обавува физичкото лице и износот на исплатениот приход. Исто така, ваков извештај поднесуваат и лицата вршеле откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци – Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЦО”) во кој ги пријавуваат бруто-приходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година“, стои во соопштението на УЈП.

Извештај поднесуваат и организаторите на зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска да достават – Годишен извештај (образец “ПДД/ГИ-ЗП”) во кој треба да пријават кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2014 година.