Според последните податоци на Управата за јавни приходи новата обврска за поднесување на електронски ДДВ пријави помина успешно. Обврската, која стапи на сила од 1 јануари 2013 година, месечните ДДВ обврзници навреме и успешно ја завршија, со мали исклучоци.
Имено, од вкупно 4.584 фирми кои имаа обврска до 23.59 часот на 25 јануари да достават ДДВ пријава по електронски пат преку системот е-Даноци на УЈП, 124 месечни ДДВ обврзници не презеле никакви чекори и не се усогласиле со новиот начин на електронска комуникација со УЈП, односно воопшто не се регистрирале за користење на е-даночните услуги со дигитален сертификат на USB токен.