УЈП: Привремен прекин на одржување средби со даночните обврзници

24

Управата за јавни приходи (УЈП) привремено ги прекинува средбите со даночните обврзници.

Согласно издадените мерки и препораки од Владата, а во врска со преземање на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), УЈП ги известува даночните обврзници физички / правни лица дека во наредните 14 дена нема да се одржуваат средби со даночните обврзници, а закажаните средби ќе се презакажат по наведениот период.

Издавањето на поднесоци и уверенија ќе се врши исклучиво преку архивите на Управата за јавни приходи.

Фото: Pexels