УЈП со дополнителни шалтери за поднесување на годишна даночна пријава

35

ujp-4-580x335Покрај шалтерите лоцирани во сутеренот во Регионалната дирекција Скопје, Управата за јавни приходи отвори и дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава лоцирани:

  • на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ);
  • општина Ѓорче Петров во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица);
  • општина Бутел во општинската зграда;
  • општина Гази Баба во бараката за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП); и
  • општина Аеродром, во општинската зграда на втори кат.

Со ова раѓаните од Скопје но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат пополнетата Годишната даночната пријава за утврдување на персонален данок на доход да ја поднесат на повеќе локации, вклучувајќи го и Даночниот шалтер Чаир, како и во Мобилните даночни шалтери на УЈП.

Прием на Годишните даночни пријави во горенаведените општини ќе се врши од 26.02.2018 година до 15.03.2018 година, во период од:

  • 07:00 до 21:30 часот во Регионална дирекција Скопје;
  • 07:00 до 21:30 часот на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ);
  • 08:30 до 16:30 часот во Даночниот шалтер Чаир;
  • 08:00 до 16:00 часот во општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Бутел; и
  • 08:00 до 18:00 часот (во две смени) во општина Аеродром.

Заклучно со 22.02.2018 година, во УЈП се поднесени вкупно 85.031 Годишни даночни пријави, а се очекува да се поднесат над 400.000 даночни пријави до истекот на крајниот рок 15-ти март.