УЈП со известување за евиденција на влезни и излезни фактури како прилог на ДДВ пријавата

162

 

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ги известува сите ДДВ обврзници кои од Управата добиле барање да доставуваат табеларен преглед на влезни и излезните фактури, како прилог на Пријавата за данокот на додадена вредност ДДВ-04 преку системот е-даноци, заради утврдување на веродостојноста на податоците искажани во поединечните полиња на даночната пријава дека обврската по барањето престанува односно прилозите не треба да ги доставуваат кон ДДВ-04 пријавата.

ДДВ обврзниците кои добиле барање од овој вид од УЈП, при поднесување на Пријавата за данокот на додадена вредност ДДВ-04 за даночните периоди (01.10-31.12.2017 и 01.12-31.12.2017) за кои рокот за поднесување е најдоцна до 25-ти јануари 2018 година, не треба да достават Табеларен преглед со влезни и излезните фактури во прилог на даночната пријава.