УЈП со препораки за поднесување ДДВ пријави и годишни извештаи преку е – Даноци

28

 

ujp

Поради масовното поднесување на даночни пријави и годишни извештаи во овој период, а со цел да не се успорува системот е – Даноци, Управата за јавни приходи (УЈП) препорачува обврзниците да ги поднесуваат ДДВ пријавите во текот на денешниот ден (краен рок) преку системот е – Даноци.

Од УЈП апелираат даночните обврзници на Годишните даночни извештаи да им дадат приоритет во наредните денови земајќи предвид дека рокот за поднесување на истите е до 31 јануари 2017 година.