УЈП со возен ред на мобилните даночни шалтери во септември

25

ujp3-580x335

Управата за јавни приходи (УЈП) го објави возниот ред на мобилните даночни шалтери за овој месец.

“Со трите специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде што Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси“, стои во соопштението.

Граѓаните и фирмите, како што се наведува, без да го напуштат своето место на живеење или седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.