УЈП со засилени контроли кај приредувачите на игри на среќа

35

igriПреку своите мобилни екипи, Управата за јавни приходи најави дека ќе врши засилен инспекциски надзор кај приредувачите на игри на среќа, во вечерните часови и за време на викенди.

Целта на контролите е да се провери дали овие субјекти ја исполниле својата обврска за воведување на Надзорен информациски систем (НИС) и 24 часовна поврзаност со УЈП заради следење на уплатите и исплатените добивки.
На приредувачот кој се уште нема воведено во функција НИС, ќе му бидат затворени сите деловни единици (објекти) и ќе му биде изречена глоба од 7.000 евра.
Вчера даночниците ја запленија целокупната опрема и запечатија објекти на “диви“ обложувалници во с. Дебреште, с. Врапчиште и с. Градец, а против сопствениците се поднесени кривични пријави поради утврдено нелиценцирано приредување на игри на среќа. Истовремено, угостителски објект на влезот во Гостивар е затворен за период од 30 дена, поради непоседување на фискален апарат. Во ваквите случаи, законот предвидува глоба од вкупно 3.250 евра, која доколку не се плати во рок од 8 дена, казната достигнува 6.500 евра. Ако пак, сопственикот не набави фискален апарат во рок од 30 дена, затворањето на објектот се продолжува за дополнителни 60 дена.