УЈП: Утре истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава

26

ujp

Рокот за поднесување на Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход истекува утре, потсетуваат од Управата за јавни приходи.

Оттаму очекуваат денеска и утре околу 40.000 граѓани да ја исполнат својата обврска за поднесување пријава за приходите коишто граѓаните ги оствариле во текот на минатата година.

Заклучно со 13-ти март оваа година, поднесени се вкупно 360.795 даночни пријави, од кои 1.728 се поднесени по електронски пат.

Даночните канцеларии на УЈП работат од 8:30 до 18:00 часот, а граѓаните може да ја достават Годишната даночна пријава и преку пошта.