УЈП: Возен ред на мобилните даночни шалтери за април

22

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) го објави возниот ред на мобилните даночни шалтери за месец април.

Со три специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации коишто дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење или седиште на компанија, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и слично, како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.