УЈП вработува 25 лица

153

Управата за јавни приходи (УЈП) објави јавен оглас за вработување на 25 извршители на определено работно време поради привремено зголемен  обем на работа до крајот на тековната фискална 2020 година.

Меѓу условите што треба да ги имаат исполнето кандидатите се: да бидат државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да бидат полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Платите на овие работни места се движат од 14.708 денари, како најниска, до 37.755 денари, како највисока.

Фото: Pexels