Укината суспензијата од котација на акциите на Топлификација

25

toplifikacija

Одборот на директори на Македонска берза донесе одлука со којашто се укинува суспендирањето од котација на акциите издадени од Топлификација и истите се враќаат на котација на подсегментот Берзанска котација на Официјалниот пазар на берзата, почнувајќи од 20-ти септември.

“При носењето на Одлуката, Одборот на директори ги имаше предвид доставените дописи и документација од страна на Топлификација АД Скопје во врска со Собранието на акционери одржано на 19.07.2016 година, при што беше оценето дека изнесените децидни ставови од Топлификација АД Скопје претставуваат соодветно информирање за случувањата во врска со наведеното собрание“, стои во соопштението на Македонска берза.

Истовремено, Одборот на директори ја задолжи Топлификација АД Скопје, како услов за прекин на суспензијата од котација, на 19.09.2016 година да изврши соодветни објави преку СЕИ Нет, вклучително и информација во врска со Собранието на акционери на друштвото одржано на 19.07.2016 година, со која јасно ќе ја презентира во јавноста фактичката состојба поврзана со ова собрание.