Украина бара финансиска помош од 50 милијарди долари

98

Украина ќе побара од земјите од Г7 финансиска помош од 50 милијарди долари, а размислува и за издавање на непрофитни обврзници со цел да го покрие буџетскиот дефицит предизвикан од војната во следните шест месеци, изјави Олех Устенко, економски советник на украинскиот претседател.

Во говорот на националната телевизија, Устенко рече дека овие опции активно се разгледуваат, пренесе Ројтерс.