Украина губи 170 милиони долари дневно

90

“Украина секојдневно губи по 170 милиони долари откако и беше прекинат пристапот до морето. Националниот извозен капацитет е повеќе од преполовен”, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.

„Деведесет милиони тони земјоделски производи, кои Украина планираше да ги извезе во земјите во Азија, Африка и Европа, се блокирани“, рече Шмихал во јужниот пристанишен град Одеса, зборувајќи заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пренесе Ројтерс.

Шмихал рече дека некои производи се извезуваат преку патен или железнички сообраќај, но дека некои други резерви останале во областите што се гранатирани или окупирани од Русија.