Украина и ги нуди на ЕУ сопствените капацитети за складирање на енергетски резерви

90

Украина ги нуди сопствените складишта за природен гас за складирање на стратешките енергетски резерви на Европската унија – соопшти украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Халушченко во објава на Фејсбук напиша дека неговата земја ги има најголемите подземни складишта во Европа. „И покрај целосната воена агресија на Русија, Украина останува силен и сигурен партнер за Европа во однос на енергетската безбедност, рече тој – пренесува ДПА.

Министерот ги поздрави напорите на ЕУ да ја одвикне Унијата од руските испораки на гас и заеднички да купува од други добавувачи. Украина може да придонесе за оваа солидарност и механизам за балансирање со своите складишта, рече Халушченко.

На самитот на ЕУ во четвртокот, земјите-членки се согласија на доброволно заедничко купување на гас, течен природен гас (ЛНГ) и водород во обид да се оттргнат од рускиот увоз додека се справуваат со зголемените трошоци за енергенси. За таа цел, ЕУ склучи договор со Вашингтон да добие најмалку 15 милијарди кубни метри ЛНГ од САД оваа година.