Украина и Русија на чекор до постигнување договор за извоз на житo

28

Нова рунда преговори меѓу Русија, Украина, Турција и Обединетите нации за извоз на украинското жито ќе се одржи денеска во Истанбул.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба изјави дека Русија и Украина се на чекор од постигнување договор за извозот на житото.

„Украина е подготвена да го извесува своето жито на меѓународниот пазар. На чекор сме од постигнување договор со Русија. Во завршна фаза сме, сега се зависи од Руската Федерација“ рече Кулеба во интервју за шпанскиот весник „Паис“, пренесува агенцијата РИА Новости.