Украина ја легализираше виртуелната сопственост

16

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, го потпиша законот „За виртуелна сопственост“.

Законот го започнува правниот пазар на виртуелна сопственост во Украина и го извлекува крипто секторот од сенка, изјави министерот за дигитална трансформација, Михаил Федоров.

„Со почетокот на војната, криптовалутите станаа моќно средство за привлекување дополнителни средства за поддршка на вооружените сили на Украина. За повеќе од три недели војна, крипто фондот на Украина собра повеќе од 54 милиони долари во криптовалути“, рече Федоров.

Што ќе се промени: странските и украинските криптовалути ќе функционираат легално; банките ќе отворат сметки за крипто компании; Украинците ќе можат да ги заштитат своите заштеди во виртуелен имот, а државата ќе гарантира судска заштита на правото на виртуелна сопственост.

Крипто пазарот е еден од најдинамичните сектори на дигиталната економија. Минатата година вкупната капитализација на индустријата се зголеми на три трилиони долари.

„Денес мораме да изградиме нови сектори во економијата. На крајот на краиштата, развојот на бизнисот е клучот за стабилноста на Украина“, рече Федоров.