Украина ќе добие дополнителни 530 милиони долари помош од Светска банка

87

Светската банка (СБ) објави дека ќе обезбеди дополнителни 530 милиони американски долари за поддршка на Украина, со што вкупната помош на финансиската институција ќе достигне 13 милијарди американски долари.

Помошта е поддржана од Обединетото Кралство со 500 милиони долари и Данска со 30 милиони долари, се наведува во соопштението на Светска банка, пренесува Мина.

Се додава дека од вкупната помош за Украина од 13 милијарди долари, досега целосно се исплатени 11 милијарди.

„Последната анализа на СБ предвидува дека вкупните трошоци за реконструкција и закрепнување на Украина во следните три години ќе бидат повеќе од 100 милијарди долари“, рече регионалниот директор на СБ за Источна Европа, Аруп Банерџи.