Украина не може да извезе околу 90 милиони тони земјоделски производи

24

Украина не може да извезе околу 90 милиони тони земјоделски производи, бидејќи Русија блокира пристаништа, информираше украинскиот премиер Денис Шмихал.

Тоа може да доведе до глобална криза со храната, додаде премиерот. Според него, кризата не е предизвикана со санкциите против Русија, туку со тоа што земјата ги блокира украинските пристаништа. Преку пристаништата се одвиваа 70 отсто од извозот на украинските земјоделски производи.