Украина продава акции за да ги финансира вооружените сили

Министерството за финансии на Украина на Твитер објави дека секоја едногодишна акција ќе има номинална вредност од 1.000 украински гривни (24,80 фунти; 33,27 долари) и дека каматната стапка што им се нуди на инвеститорите ќе биде одредена на аукција.

– Приходите од акциите ќе се користат за задоволување на потребите на Вооружените сили на Украина – соопшти Министерството.