Украинската влада планира да го обнови извозот на жито во септември

56

Украинската влада е во преговори со осигурителните компании за да започне нова програма за осигурување на бродови што пренесуваат жито низ некои од најризичните делови на Црното Море. Услугата би можела да започне на почетокот на септември, иако нејзината прецизна рамка сè уште се разработува.

Заменик-министерот за економија на Украина Александар Грибан изјави дека во моментов се водат активни преговори меѓу релевантните министерства, домашните банки и меѓународните осигурителни групи, вклучително и Лојд од Лондон, пренесува Ројтерс.

Шемата, која треба да биде воспоставена следниот месец, може да опфати пет до 30 бродови кои патуваат низ опасните украински води. Според Грибан, сè зависи од нивото на поделба на ризикот меѓу владата и приватните осигурителни компании.

Фото: Pixabay