Германскиот производител на автомобили на пазарот понуди велосипед што чини мало богатство.
За сите љубители на велосипедите, може да си го дозволат по цена од 17.500 евра. Високата цена е поради тоа што неговата рамка е изработена од карбонски влакна. Оваа рамка тежи само 790 грама, додека вкупната маса на велосипедот е 5,8 килограми.
Audi sport racing bike, како што е официјалниот назив на овој велосипед, може да се најде во лимитирана верзија од само 50 парчиња, во две бои.