Унгарија: Паметен мебел опремен со сончеви панели наменет за надворешна употреба

164

Дизајнерското студио Hello Wood со седиште во Будимпешта, Унгарија, создава паметен мебел, првенствено дизајниран за училишта и универзитети.

Целиот мебел има вградено сончеви панели коишто генерираат “чиста“ енергија за полнење преку USB, пишува Inhabitat. Колекцијата вклучува долги, естетско изработени клупи и интересни форми со помалку футуристички изглед, направени од полно дрво.

Низ годините Hello Wood има креирано разни иновативни дрвени инсталации од LED Божиќни дрва, до скулптура од тигар изработена од неискористено дрво.

Новата колекција дрвен мебел веќе е поставена на четири места, односно образовни институции. Сончевите панели се направени од рециклиран пластичен отпад, а добиената енергија се користи за да полнење на телефони и разни други уреди преку USB.

Фото: Hello Wood