Унгарија постепено ќе ги укинува кредитите во странски валути

22

forinti evraПредлогот на Унгарското здружение на банки не се позанимава со најтешките проблеми на должниците во странски валути, па затоа владата на почетокот на ноември ќе предложи сопствен пакет мерки, изјави вчера унгарскиот министер за економија Михали Варга за агенцијата МТИ.

Варга истакнува дека владиниот предлог ќе ги штити интересите на должниците, а не на банките и ќе го трасира патот кон постепено укинување на хипотекарните кредити во странска валута во следните неколку години. Тој повтори дека владата има намера постепено да ги укине девизните кредити и да се погрижи заемопримачите со кредити во форинти да не бидат доведени во полоша позиција од оние со девизни кредити.

Министерот претходно изјави дека министерството за економија изработува план според кој месечните исплати на хипотекарните кредити во странски валути од 2014 година би требало да се намалат за 15% до 20%, а кредитите во странски валути ќе бидат во целост укинати во следните три до пет години. Трошоците на планот би требало да ги поделат државата, банките и во помала мера заемопримачите.