Уни Банка ќе врши исплата на полугодишна камата за перпетуални обврзници

79

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници, стои во соопштението објавено на Македонска берза.

Исплатата на камата ќе се изврши на 22.01.2020 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници  во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.01.2020 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 20 и 21 јануари 2020 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 183 и 184 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 22 и 23 јануари ќе треба да му го уплати износот на чистата цена плус акумулираната камата на продавачот.

При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 22 и 23 јануари 2020 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.

Фото: Pexels