УНИ Банка со добивка од 253,3 милиони денари ја заврши ланската година

36

УНИ Банка на крајот на декември минатата година прокнижи добивка во висина од 253.387.000 денари, покажува годишниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно добивката на банката достигна 268.570.000 денари.

“Остварените вкупни приходи од работење во 2019 година изнесуваат 1.541,2 милиони денари  и во однос на минатата година бележат пораст од 17,3%. Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 253,4 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи“, стои во Образложението за финансиските резултати на банката.

Порастот на кредитирањето, зголемениот обем на активности во доменот на платен промет и картично работење, како што се наведоа, придонесоа приходите од провизии на банката да се зголемат за 20,7% во однос на истиот период од минатата година.

Фото: Pixabay