УНИБанка со зголемена добивка од 81,7 милиони денари во 2015 година

39

uni banka

УНИБанка во период од први јануари до 31-ви декември минатата година  оствари вкупна добивка во висина од 81.730.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Банката претходната 2014 година прикажа добивка во висина од 67.878.000 денари.

“Во 2015 година, банката оствари позитивен финансиски резултат во однос од 81,7 милиони денари, којшто во однос на истиот период претходната година бележи зголемување од 13,9 милиони денари“, се вели во Освртот на остварените финансиски резултати, објавен на Македонска берза.

Нето каматните приходи, како што се наведува, како најзначаен елемент на нето банкарскиот приход во однос на 2014 година, се зголемени од 489,5 милиони денари на 506,4 милиони денари или за 3,4%.